Skip to main content

Сочен чоколаден колач

Toa Heftiba / Unsplash

Ви го откриваме најдобриот рецепт за сочен чоколаден колач

Состојки:
170 г темно чоколадо
80 г путер
4 јајца
100 г шеќер
30 г бадеми, лешници или ореви
прстофат сол
Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте го плехот со путер.
  2. Скршете го чоколадото на парчиња, па растопете го на пареа со путер и прстофат сол. Пенесто изматете јајца со шеќер. Внимателно соединете ги двете смеси со лажица. На крајот, додајте мелени бадеми, лешници или ореви.
  3. Префрлете го тестото во калап и печете околу 20 минути, додека површината стане цврста и еластична.
  4. Извадете го колачот од рерна, почекајте да се олади, па посипете го со шеќер во прав.

Извор: Убавина и здравје