Skip to main content

Со мастер-класот „Во светот на меурчињата“, Винодонија ќе ве прошета низ широкиот свет на пенливите вина

Винската работилница „Во светот на меурчињата“ е веќе дел од традицијата на Скопскиот винки салон – Винодонија и редовна „претстава на репертоарот“ во делот на едукативни работилници и мастер класови на ова случување.

„Во светот на меурчињата“ истовремено ќе ве освежи, упати и прошета низ широкиот свет на пенливите вина. Ќе понуди многу информации за историјата, начинот на производство, вински региони, категории и видови на пенливи вина, протоколи на сервирање, нивно спарување со храна и се разбира дегустација на различни видови пенливи вина присутни на македонскиот пазар.

Со еден бор, одличен и незаменлив начин да го почнете вашето винско патување на овогодинешната Винодонија.

Предавач: Александар Вучковски, сомелиер

13 декември 2024, 11:00 ч.

Хотел Мериот Скопје

Meeting Room D (прв кат)

Картите за работилницата се во ограничен број и истите може да ги купите на oвој ЛИНК.

Поврзани вести