
Домашната проја е неизоставен дел од нашата кујна, бидејќи воодушевува со вкусот и со брзата подготовка. Совршена е за појадок, ужина или како додаток со јогурт, кисело млеко или домашен ајвар.
Приготвувањето е лесно, а одзема помалку од еден час. Еве како да приготвите проја кога ќе биде сочна однатре, а крцкава однадвор…
Состојки:
2 шолји пченкарно брашно
1 шолја пченично брашно
1 шолја масло
2 шолји кисела вода или јогурт
2 јајца
1 лажиче сол
1 кесичка прашок за печиво
200 г сирење (по желба)
Приготвување:
Во поголем сад измешајте пченкарно и пченично брашно, прашок за печиво и сол. Додајте јајца, масло и кисела вода (или јогурт), па сето тоа добро соединете го со миксер. Ако сакате побогат вкус, додајте и дробено сирење и спанаќ.
Префрлете ја смесата во подмачкан плех или обложен со хартија за печење.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, додека зарумени и добие крцкава коричка.
Извадете ја од рерна, оставете ја да се олади кратко, па пресечете ја на коцки и послужете ја.
Домашната проја е најдобра додека сè уште е топла, со чаша јогурт или кисело млеко, а утредента еднакво вкусна е и ладна.
Од овие состојки излегуваат 8-10 парчиња, а едно парче има околу 150 калории.