Skip to main content

Подгответе ја најкремливата кајгана

Freepik

Кајганата е едно од највкусните јадења за појадок, но честопати излегува малку сува и без вкус. Многу луѓе ја приготвуваат со млеко, но експертите препорачуваат да го замените тоа со друга состојка.

Според неа, млекото го разредува вкусот на јајцата и прави да се залепат во тавчето.

„Најлесниот начин да добиете кремлива кајгана е да го изоставите млекото и наместо тоа, да додадете лажица павлака во смесата со јајцата“, откриваат експертите.

Тие веруваат дека густата конзистенција на павлаката помага да се регулира температурата, овозможувајќи им на јајцата побавно да се пржат и намалувајќи го ризикот да се исушат во тавчето. Исто така, помага јајцата да развијат свиленкава, кремлива текстура.

„Исто така, кајганата приготвена со павлака има многу побогат вкус, поради што многу повеќе заситува“, додаваат експерите.

Освен тоа, приготвувањето кајгана со павлака не е тешко и трае помалку од 10 минути.

Состојки за совршена кајгана:
2 големи јајца
1 лажица павлака
1 лажиче путер
сол и бибер
сирење и кромид, по желба


Приготвување:
Скршете ги јајцата во чинија и добро изматете ги за да станат воздушести. Додајте павлака и продолжете да матите додека добиете мазна смеса. Зачинете со сол.

Ставете тавче на среден оган и додајте путер. Кога ќе се стопи, сипете ја смесата со јајцата.

Оставете ги јајцата да отстојат околу 10 секунди, па почнете да ги мешате со шпатула. Внимателно мешајте, прекривајќи г деловите кои сè уште се течни со згуснатите делови.

Кога јајцата потполно ќе се стегнат, тргнете ги од оган и оставете ги уште неколку минути во тавчето. Потоа, ставете ги на потпечено лепче и зачинете со бибер.

Поврзани вести