Skip to main content
WY-l_iN06uQ

Печурки со лук во путер

Потребни состојки:

– 2 лажици растително масло
– 30 г путер
– 300 г шампињони
– 1-2 чешниња лук
– сол по вкус
– мелен црн пипер по вкус
– 1 мала китка магдонос
– НМД

Постапка:

1. Во широка тава на средна температура загрејте го растителното масло, а потоа додајте го путерот и оставете го да се растопи.

2. Додајте ги шампињоните и пржете ги со повремено мешање околу 5-7 минути, додека да добијат златнокафеава боја.

3. Кон крајот на пржењето, додајте ситно сечкан лук, сол и мелен црн пипер по вкус. Промешајте и продолжете со пржење уште 1 минута за да се ослободи аромата на лукот.

4. Додајте ситно сечкан магдонос, промешајте и динстајте уште 1 минута.

5. Тавата тргнете ја од оган и сервирајте го јадењето топло, како самостојно јадење или како прилог.

Ова јадење е идеално за уживање во едноставноста на природните вкусови, збогатени со топлината на путерот и аромата на лукот и магдоносот.

Поврзани вести