Skip to main content

Модар патлиџан на грчки начин

Суфлето од модар патлиџан е прекрасно, кремливо јадење кои се приготвува со многу лук и квалитетно сирење

Модриот патлиџан приготвен на медитерански начин е вистинско гурманско уживање. Само пригответе го модриот патлиџан според овој оригинален рецепт и уживајте во секое залаче на ова рустично, а сепак елегантно јадење.

Состојки:
3 модри патлиџани, пресечени по должина
1/2 шолја (80 мл) екстра девствено маслиново масло, плус дополнително за премачкување на модриот патлиџан
5 чешниња лук, мелени
400 мл сок од домати
4 шолји (500 г) рендан кашкавал
300 г фета сирење, здробено
сол и свежо мелен бибер
свеж магдонос, исечкан, за декорација
Приготвување:

  1. Пресечете го модриот патлиџан по должина. Премачкајте го од двете страни со маслиново масло и зачинете со сол и бибер.
  2. Печете го во рерна на 200 степени околу 25 минути или додека омекне. Тргнете го на страна.
  3. Во тавче загрејте маслиново масло и пропржете сечкан лук 1 минута.
  4. Додајте сок од домати, зачинете со сол и бибер и крчкајте 25 минути додека се згусне малку, но не премногу.
  5. Во плех со димензии 30х18 сантиметри, распоредете слој сос од домати на дното.
  6.  Додајте еден слој парчиња печен модар патлиџан.
  7.  Со лажица сипете уште сос од домати, потоа рендан кашкавал, здробено фета сирење и сечкан магдонос.
  8.  Повторете ја оваа постапка 4 пати за 4 слоја.
  9.  Завршете со слој доматен сос и обилен прелив од рендан кашкавал.
  10.  Печете 60 минути на 180 степени додека добие жолтеникава и златна боја одозгора

Погледнете ги деталните упатства во видеото во продолжение…