
За овој мармалад најдобро е да користите кисели јаболка, поради слаткиот и благ вкус на тиквата.
Состојки:
- 500 грама излупени јаболка
- 500 грама исчистена тиква
- сок од 1 лимон
- 150 мл сок од јаболка (100%)
- 1 ванилин шеќер
- 1/2 лажичка мелен цимет
- 500 грама шеќер
Подготовка:
Изрендајте ги исчистените јаболка и тиква и префрлете ги во тенџерето во кое ќе се готват, потоа додадете го исцедениот лимон, сокот од јаболка, ванилата, циметот и шеќерот. Добро измешајте сè и покријте, и оставете да отстои најмалку 2 часа. Потоа ставете ги на силен оган да се варат и кога ќе зоврие, намалете ја топлината.
Продолжете да готвите уште 30 минути, мешајќи повремено. Тргнете го тенџерето од оган, а потоа исецкајте сè со блендер додека не добиете фино пире. Вратете сè на оган и оставете да зоврие, гответе уште 10 минути.

Македонски







