Skip to main content

Ледена торта со нес-кафе – десерт за сите годишни времиња што се приготвува за 10 минути

freepik

Оваа торта со кафе не е само брза, туку е и неверојатно кремаста и освежувачка – совршена за моментите кога сакате нешто благо, а немате многу време.

Се приготвува за само 10 минути, но вкусот останува во сеќавање многу подолго. Без претерување, ова е кафе и десерт во едно – комбинација поволна за секое годишно време.

Состојки:
4 лажици инстант кафе
20 мл млеко
3 лажици кондензирано млеко
400 мл слатка павлака (за матење)

За ганаш-прелив:
2 лажици инстант кафе
2 лажици шеќер
2 лажици топла вода

Приготвување:
Во мал сад измешајте 4 лажици инстант кафе со 20 мл млеко и 3 лажици кондензирано млеко. Добро мешајте додека кафето се раствори и добиете ароматична база.

Во друг сад изматете 400 мл слатка павлака да добиете цврст шлаг.

Додајте ја кафе-базата во изматената павлака и нежно мешајте додека смесата се соедини.

Ставете ја добиената смеса во калап за торта со отстранлив обрач и оставете ја во замрзнувач неколку часа, додека целосно се стегне.

Приготвување на преливот (ганаш):
Во друг сад измешајте 2 лажици инстант кафе и 2 лажици шеќер со 2 лажици топла вода.

Мешајте додека добиете пенеста смеса.

Прелијте ја тортата со овој прелив штом ќе ја извадите од замрзнувачот, па вратете ја кратко повторно да се стегне.

Совет: Служете ја добро изладена. Освежувачкиот вкус на кафе, комбиниран со кремаста текстура, ја прави оваа торта вистинско задоволство во секоја пригода.