Skip to main content

Крцкава пита со боровинки: Идеален летен десерт кој се служи со сладолед од ванила

Unsplash

Пригответе вкусна пита со боровинки на наједноставниот начин

Состојки:
250 г кори за пита
500 г свежи боровинки
100 г кристален шеќер
масло
20 г шеќер во прав


Приготвување:
Одвиткајте една кора на работна површина. Премачкајте ја со масло, посипете со шеќер, па преклопете ја со друга кора. Повторете ја постапката уште двапати, па преку четвртата кора посипете боровинки. Внимателно завиткајте ролат, па ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Направете пита од преостанатиот мастраф, па печете во рерна загреана на 180 степени додека зарумени. Извадете ја од рерна и оставете да се олади. Потоа, пресечете ја на парчиња со посакуваната големина и посипете со шеќер во прав. Добар апетит!