Skip to main content

Загина сопственик на познат шпански бренд

Основачот на шпанскиот бренд за облека Манго, Исак Андик, почина денеска во несреќа, соопшти компанијата, една од најголемите во секторот за облека во Европа.

Со длабоко жалење ја објавуваме ненадејната смрт на Исак Андик, нашиот претседател и основач на Манго, денес во несреќа“, се вели во соопштението.

Шпанските медиуми објавија дека Андик загинал во планинска несреќа. Тој се лизнал и паднал во провалија од висина од 150 метри за време на излет во пештерите Колбато во околината на Барселона со сопругата и синот, објави шпанската ТВ мрежа Ртве.

Андик починал на лице место, а на локацијата каде што се случила несреќата биле испратени хеликоптер и единица на планинска спасувачка служба која е задолжена за извлекување на неговото тело.

Исак Андик е роден во 1953 година во Истанбул во сефардско еврејско семејство, а во 1969 година се преселил во Барселона. Заедно со неговиот брат Нахман, тој го основал Манго во 1984 година, кој прерасна во глобален моден бренд со повеќе од 2.700 продавници во повеќе од 110 земји.

Претседателот на каталонската влада, Салвадор Ила, го истакна неговиот придонес во каталонската економија и модната индустрија, изразувајќи сочувство до семејството и тимот на Манго. Извршниот директор на компанијата, Тони Руиз, рече дека Андик е инспиративен лидер чија визија и посветеност ќе останат запаметени.

Богатството на Андик беше проценето на 4,5 милијарди евра, што го прави еден од најбогатите жители на Шпанија.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom