Skip to main content

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“, објавува отворен конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн „Фросина Кулакова“, наменета за млади и талентирани кандидати од Република Македонија кои имаат интерес и потенцијал да се развиваат во областа на модата.

Стипендијата обезбедува целосно финансирање на студиите, како и можност за вклучување во активности на Фондацијата, во зависност од потребите и можностите, со што на избраниот кандидат му се овозможува дополнителна практична експозиција и поддршка во професионалниот развој. Целта на програмата е да се поттикне новата генерација модни дизајнери и да се поддржи развојот на креативниот потенцијал во земјата.

Право на аплицирање имаат кандидати со завршено средно образование, државјани на Република Македонија, кои покажуваат јасен интерес и афинитет кон модниот дизајн. Како дел од апликацијата, кандидатите треба да достават моден проект во форма на мини колекција, кој вклучува мудборд со инспирација, колорна и текстилна карта, технички цртежи со преден и заден изглед, како и шест комплетни изгледи претставени преку избоени модни илустрации. Сите визуелни материјали се доставуваат во еден PDF документ, при што насловната страница треба да содржи име и презиме, назив на колекцијата, избрана сезона (есен/зима или пролет/лето) и година.

Дополнително, кандидатите се должни да достават објаснување на концептот во должина до 30 редови, биографија (CV) и мотивациско писмо, во Word формат. Пристигнатите апликации ќе бидат разгледувани од стручна комисија која ќе ги оценува креативноста и оригиналноста, јасноста на концептот, визуелната конзистентност и потенцијалот за понатамошен развој на кандидатите.

Сите материјали се доставуваат електронски на адресата стои [email protected] , со назнака „Апликација за стипендија Фросина Кулакова 2026“. Конкурсот е објавен на 1 април 2026 година, а крајниот рок за пријавување е 10 јуни 2026 година до 23:59 часот. Процесот на евалуација ќе се одвива во периодот од 11 до 20 јуни 2026 година, додека објавата на добитникот е предвидена за 25 јуни 2026 година.

Поврзани вести