Skip to main content

Првата украсена новогодишна елка била поставена во Рига во 1510 година

Првата украсена новогодишна елка е поставена во Рига, главниот град на Летонија.

Ова се случило во далечната 1510 година, кога локалните трговци ја украсиле елката на градскиот плоштад. Традицијата тогаш била сосема различна – елката се украсувала со хартиени украси, овошје и свеќи, а потоа се палела како дел од обредот за збогување со старата година.

Симболиката на украсените дрвја води потекло уште од паганските времиња, кога зимзелените дрвја биле сметани за знак на вечен живот. Со текот на времето, христијанството го прифатило овој обичај, давајќи му ново значење – елката станала симбол на животот и надежта.

Овој обичај се проширил низ Европа, а подоцна и низ светот.

Поврзани вести