Skip to main content

Почина пејачката на народна музика Бади Бекир

Денеска во Скопје по кусо боледување почина пејачката на народна музика Небахат Бади Бекир.

Бекир од дете била членка на играорна група и истовремено ги изучувала македонскиот и турскиот фолклор. Почнала да пее на фестивал на забавна музика во 1985.

Бекир снимаше народни песни на македонски, турски и албански јазик и повеќепати била на турнеја низ поранешна Југославија. По распадот на Југославија најмногу пееше македонски народни песни.

Во 2002, Бекир со уште неколку колеги одржа концерти низ Австралија и стана членка на женската фолк група „Четири грации“, заедно со Росана Сариќ-Тодоровска, Адријана Алачки и Благица Павловска.

Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта „Бутел“ од 12:15 часот.