На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, реномиран специјалист по анестезиологија со реаниматологија, која ќе остане запаметена по својот огромен придонес во медицината.
Прим. д-р Мирјана Петровска 16 години беше дел од тимот на Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ и ‘Мала Богородица’. Ќе остане запаметена по нејзината посветеност, придонес во анестезијата и интензивното лекување, професионалност и хуманост. Длабока почит од целиот менаџерски тим на КБ ‘Аџибадем Систина’ и сите вработени. Вечна ѝ слава, нека почива во мир!“, објавија од „Аџибадем Систина“.
Со нејзиното заминување, медицинската заедница изгуби исклучителен професионалец и хуманист, кој остави трајни белези во својата област. Нека ѝ е вечна слава и мир на нејзината душа.