
Најсреќниот знак летово, кога станува збор за парите, е Девицата! Овој земјен знак, кој е многу насочен на себе и на постигнувањето успех, никако не сака да зависи од некого или нешто, што се однесува до работата и заработката.
Најголемата желба во животот им е да стекнат што повеќе професионални успеси, кои ќе бидат и финансиски исплатливи. Меркур е владејачката планета на Девиците и тој им дава ветер во грб, во однос на професионалните подвизи и работните амбиции. Пари и нови работни можности ќе имаат на претек.
Исто така, луѓето кои се во подзнак Девица можат да бидат многу добри економисти и умеат да управуваат со парите.
Уште подобро е кога и наталниот Меркур се наоѓа во знакот Девица, бидејќи тој го засилува начинот на размислување кој носи добра заработка и добри шанси за постигнување стабилност преку парични добивки.
Од август оваа година, Девиците ги очекуваат нови работни можности, кои можат да ги зголемат нивните приходи.