Skip to main content

Летен базар во Скопје

Фрипик

Од 25 до 27 јули, на приземјето на Скопје Сити Мол, ќе се одржи тридневен летен базар „Сè за одмор“, на кој ќе учествуваат 20 современи македонски занаетчии. Настанот е дел од сезонската програма посветена за поддршка на локалната креативна сцена и го означува почетокот на вториот дел од летото – период кога повеќето се подготвуваат за одмор и патувања.

Во текот на трите денови, посетителите ќе имаат можност да купат рачно изработени производи со внимателно курирана летна тематика – од уникатни модни додатоци, природна козметика за нега по изложеност на сонце, до практични аксесоари за патување. За посетителите ќе бидат изложени и накит со летна и колоритна приказна, рачно плетени шапки и чанти, летни ароматични свеќи, аксесоари за миленици, како и козметички сетови и предмети во „travel-friendly“ пакувања.

Учесници на базарот ќе бидат: Игнеа козметика, Апи Козметика, Pika.Jesmonite, Лавита Агро, ByMimiCosmetics, NallaThePittieShop, Јуник Корнер, Carino handmade gifts and accessories, Coral Jewelry, Zen.Zeal, Матројшка бренд, Шарено ќоше, Kреативно студио Алегра, Small peace of joy, Marcy’s handmade, Solar Creations, Filigree LARGO, Добро ми стои, Crochet by Fosi и Nebula jewelry.

Настанот е отворен за посетителите во текот на сите три денови и ќе се одржува на најфрекфетната локација на приземјето од Скопје Сити Мол.

Поврзани вести