
Иако декември е хаотичен, романтиката на некои хороскопски знаци оваа години им се насмевнува посилно од кога било.
Астрологот Адама Сиси од „Лилит астролоџи“ објаснува за „Бастл“ дека клучот лежи во транзитите на Венера и Марс – планети кои управуваат со љубовта, привлечноста и сексуалната енергија. Кога тие планети „работат за вас“, ќе се случи токму она што сите тајно го посакуваме: вистинското време, вистинското место, вистинската личност.
За овие три знаци, декември може да биде месец на филмски случајности, фантастични рандевуа и возбудливи нови врски.
Близнаци
Венера и Марс во текот на сезоната на Стрелец се наоѓа точно наспроти вашиот знак. Тоа е силен љубовен аспект што ги отвора вратите за нови средби, подлабоки разговори и хемија што доаѓа поприродно од вообичаеното.
Ќе се чувствувате похрабри, поотворени и поподготвени да покажете иницијатива – а тоа ионака е природен терен за Близнаците. Совет: пишете први, започнете разговор, дадете комплимент. Вашата спонтаност ќе биде магнет.
Стрелец
Венера и Марс остануваат во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Сакате забава? Ќе ја добиете. Сакате романса? Најверојатно ве чека зад аголот. Повици, „спојување“ во раните утрински часови, ненадејни излегувања – сè е во ваша корист. Како огнен знак, најмногу ќе се поврзете кога ќе оставите работите да течат без план..
Јарец
На крајот на декември, Венера и Марс влегуваат во вашиот знак и силно ги активираат романтичните и сексуалните импулси. Ако почнете да барате сега, многу лесно би можеле да завршите со совршен партнер за новогодишен бакнеж – или дури и со некој доволно посебен за да го поканите на празнична вечера.
Јарците сакаат план, но љубовта ќе биде подобра овој пат кога ќе оставите сама да се случи. Совет: кажете „да“ на спонтаните покани и одете на неколку забави.
Ако сте во хороскоп Близнаци, Стрелец или Јарец – подгответе се. Декември ви носи поинтензивна, потопла и позабавна љубовна сезона отколку што очекувавте. А ако не сте… секогаш можете да го проверите вашиот подзнак.

Македонски






