
Оваа пролет е време на обновување, можности и внатрешна мудрост. Нека ве води вашата интуиција и дозволете да ја најдете својата светлина во овој период на будење, велат индиските астролози предвидувајќи му на секој знак што го чека оваа пролет:
Овен
Пролетта секогаш се слави во знакот Овен, а оваа година ви носи вистинска бураи наплив на енергија! Вашата желба да ја преземете контролата врз вашиот живот станува сè посилна, но ова не е време за импулсивни одлуки. Забавете, слушајте го своето срце и размислете што навистина ве исполнува. Дилемите во работата или личниот живот може да ви донесат неочекувани пресврти, но трпението е вашата тајна моќ.
Бик
Пролетта ве поканува да си направите интроспектива. Старите емоции и спомени ќе испливаат на површина, барајќи од вас конечно да ги ослободите. Интимните разговори или ненадејните сознанија ќе ви помогнат да направите простор за нова, позитивна енергија. Не плашете се да се ослободите од она што повеќе не ви служи.
Близнаци
Сезоната на будење го става фокусот на пријателствата, соништата и целите. Разговорот со некој близок може да го промени начинот на кој гледате на врските и да ви помогне да разберете што навистина ви треба. Ако имате нешто важно да кажете, сега е време да го отворите своето срце.
Рак
Немирот ви носи желба за промени. Без разлика дали се работи за секојдневни навики, работа или начин на живот, пролетта ве кани на освежување. Неочекувано може да се појави нова можност – прифатете ја со раширени раце. Излегувањето од вашата комфорна зона носи неочекувани награди.
Лав
Авантурата и креативноста стануваат ваши водичи. Ова е идеално време да пробате нешто ново – без разлика дали тоа е хоби, патување или спонтана одлука што ве инспирира. Нешто изненадувачки може целосно да ве освои. Осмели се да зачекориш во непознатото!
Девица
Вашето внимание е насочено кон домот и семејството. Можеби ќе почувствувате потреба да го обновите просторот за живеење или да ги зајакнете односите со саканите. Разговорите можат да дадат важни сознанија за стабилноста и безбедноста. Овој период ви помага да ја пронајдете вашата внатрешна рамнотежа.
Вага
Време е да го изразите она што го носите во себе. Без разлика дали пишувате, зборувате или се изразувате креативно, вашиот збор сега има моќ. Можеби сакате да патувате, да научите нешто ново или да најдете инспирација во нешто необично. Не двоумете се – препуштете се на истражување.
Шкорпија
Финансиите и вредностите доаѓаат во фокус. Може да размислите што е навистина важно за вас и како паметно да ги користите вашите ресурси. Ако сте пред пресврт, не избрзувајте со одлуките – верувајте во вашата интуиција. Вистинскиот пат ќе ви стане јасен во вистинско време.
Стрелец
Пролетта ве исполнува со самодоверба и носи чувство на освежување! Можеби ќе сакате да го промените вашиот имиџ, да истражите нова љубовна прилика или да започнете проект што ве возбудува. Ова е период на лична експанзија – прифатете ги промените и дозволете си да блеснете.
Јарец
Иако обично сте фокусирани на кариерата, сега е добар момент да погледнете во вашиот внатрешен свет. Емоциите и минатото можат да испливаат на површина и да ви донесат вредни сознанија. Кратка пауза и време посветено на себе може да ви помогнат да ги најдете одговорите што ги барате.
Водолија
Социјалниот живот ви станува подинамичен! Доаѓаат нови познанства, соработки или пријателства. Доколку добиете можност за некаков групен проект или интересна авантура, не двоумете се да кажете „да“! Опкружете се со луѓе кои ја инспирираат вашата визија за иднината.
Риба
Пролетта носи важни сознанија за вашите амбиции и животни вредности. Можеби ќе добиете признание за вашите напори или ќе сфатите колку далеку сте стигнале. Фокусирањето на стабилноста може да ви даде појасна слика за иднината. Верувајте си – на вистинскиот пат сте!