Skip to main content

55. години Илинденски денови: Традицијата зборува низ чекор, песна, носија и уметност

55 години Илинденски денови

Синоќа, со аплауз и достоинство, заврши јубилејното издание на најстариот фолклорен фестивал во земјата – под слоганот „Денес за утре“.

Традицијата зборува низ чекор, песна, носија и уметност.

А ние и оваа година ѝ дадовме контекст: континуитет со почит, визија со корен.

Еве ги добитниците – домашните амбасадори на автентичното:

1️⃣ Најуспешна група за традиционална музика и игра:

КУД „Илинден“ – Демир Хисар

2️⃣ Најуспешна група за староградска музика и игра:

ВИА „Распеани струмичани“ – Струмица

3️⃣ Најуспешна вокална изведба:

Јовче Нанев – КУД „Весели пензионери“, Пробиштип

4️⃣ Најкомплетна изворна носија:

КУД „Илинден“ – Струга

5️⃣ Посебно признание за афирмација на традицијата:

▪️Димитри Балојани – илустратор на стрип

🪶 КУД „Русалии“ – Секирник

Зад оваа селекција стои жири-комисија составена од реномирани експерти:

проф. д-р Владимир Јаневски

проф. д-р Родна Величковска

проф. д-р Мирјана Мирчевска

проф. д-р Беким Рамадани

доц. м-р Христијан Николовски

✨ Нека одекнуваат дамарите и во годините што следат. За утре, но со она што сме го наследиле.

Поврзани вести