![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/477130105_1143816351088204_7528507638432749158_n.jpg)
Шумарскиот факултет во Скопје и Градинарски центар Фоја, ве покануваат на третото по ред засадување на нови видови дрвенести растенија во факултетскиот дендропарк. Манифестацијата именувана како „Професорите садат“, ќе се одржи денес, со почеток во 12:00 часот.
После пандемијата, повторно е возобновена оваа активност, која веќе прераснува во традиција, а дендропаркот ќе се дополни со претставници на северноамериканската и на азиската дендрофлора.
Како и претходните години, така и оваа, акцијата „Професорите садат“ е поддржана од „Фоја КО“, за што искажуваме искрена благодарност за континуираната поддршка на Факултетот – приватниот сектор и науката постојано треба да си даваат поддршка и тие се нераскинлив дел од заедничкиот пат кон успехот, вели во објавата вонр. проф. д-р Бојан Симовски.