Skip to main content

Зеленски се сретна со генералниот секретар на НАТО

Фејсбук профил на Володимир Зеленски

Стабилноста и предвидливоста на поддршката за Украина е она што го обезбедува вистинскиот поттик за Русија – поттик за избор на дипломатија. Тие во Москва мора да видат дека Украина нема да биде оставена сама да се соочи со војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по денешната средба со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Одеса.

Тој уште еднаш им се заблагодари на „сите ширум светот кои продолжуваат да ја поддржуваат Украина“.

– Важно е сите да продолжиме да работиме заедно во рамките на коалицијата на подготвени и способни да гарантираат безбедност. Велика Британија, Франција и другите земји на НАТО веќе активно ги поставуваат темелите за безбедносниот контингент во Украина. Клучно е сите ние да бидеме доволно брзи и ефективни во овој процес, рече Зеленки.

Тој нагласи дека мисијата на НАТО за безбедносна помош и обука за Украина во Визбаден, исто така, мора да почне да работи со максимална ефикасност, а нејзината ефикасност директно ќе придонесе за заштита на животите на украинскиот народ.

– Очекуваме дека нашите договори за противвоздушна одбрана во Европа и Америка ќе бидат спроведени. Ни требаат системи Патриот, подготвени сме да се обединиме, да најдеме пари за да ги купиме. Има системи во светот и зависи само од одлуката на лидерите дали ќе имаме доволно заштита од руски балистички ракети, рече Зеленски.

Поврзани вести