Skip to main content

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одговори на поканата на рускиот колега Владимир Путин мировните разговори да се одржат во Москва.

Нашите американски партнери ми кажаа дека Путин ме поканил во Москва и верувам дека со тоа тој всушност сака да избегне средба, истакна Зеленски на прес-конференција по Самитот на Коалицијата на подготвените во Париз.

Тој додаде дека е добро што Русија почнала да зборува за средба.

Русија почна да зборува за средба, што не е лошо. Но, засега не ја гледаме нејзината желба за завршување на војната, наведе Зеленски.

Путин вчера во Пекинг е подготвен да се сретне со Зеленски, но под услов средбата да се одржи во Москва.

Нека Зеленски дојде во Москва и ќе има средба. Ако состанокот биде добро подготвен, јас сум подготвен за него, посочи Путин.

Поврзани вести