Skip to main content

„Еурактив“: Зеленски нема да биде поканет на претстојниот самит на НАТО

foto: Фејсбук профил на Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да биде поканет на претстојниот самит на НАТО во Холандија за да не го иритира претседателот на САД, Доналд Трамп, пишува „Еурактив“.

Изданието пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, информира дека агендата „сè уште се дискутира“, но извори од алијансата велат дека приоритет е да се одржи Доналд Трамп во добро расположение и да се избегне можен судир со Зеленски.

Повеќето европски лидери очекуваа Зеленски да учествува на барем една од дискусите заедно со членките на НАТО. Сепак, желбата да се задоволи американскиот претседател и да се осигура дека тој „е среќен на групната фотографија“ можеби била поважна.

Printscreen Euractiv

Изворите на „Еурактив“ исто така забележуваат дека главната цел на овој самит е да се демонстрира единството на алијансата. Присуството на Украина би можело да ги влоши внатрешните поделби, особено со оглед на ставот на Трамп, кој активно се залага за преговори со Русија и е категорично против влезот на Украина во НАТО во догледна иднина.

Ваквиот став го пренесува и лидерот на партијата Француски патриоти Флоријан Филипо, кој на социјалните мрежи објави дека „Макрон и неговите другари од возот се во паника“.

Трамп стави до знаење дека не сака Зеленски да присуствува на следниот самит на НАТО во Холандија на крајот на јуни! За разлика од она што се случи под Бајден“, напиша францускиот политичар .

Филипо го нарече тоа мудар потег што промовира мир, додавајќи дека ранцускиот претседател Емануел Макрон и военоподбуцнувачите ќе бидат незадоволни од таквата одлука.

Поврзани вести