Skip to main content

Зеленски најави санкции против Грузија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва најави воведување санкции како одговор на постапките на актуелната грузиска Влада во последните денови.

Во своето редовно вечерно обраќање до сонародниците, Зеленски го осуди однесувањето на грузиската Влада, обвинувајќи ја дека „ја турка земјата во очигледна зависност од Русија“ и дека се спротивставува на интересите на нејзиниот народ, пренесе сајтот „Европска правда“.

Ова што се случува во Грузија не е предизвик само за еден народ или за нашиот регион. Сегашната грузиска Влада ја турка земјата во јасна зависност од Русија. Срамно е да се видат чекорите што ги преземаат против сопствениот народ“, изјави тој во обраќањето, пренесено на неговиот налог на Х.

Кога Москва ги фалиа грузиските власти, не остава никаков сомнеж за тоа кому тие навистина му служат во Тбилиси – а тоа секако не е народот на Грузија, рече тој.

Подготвуваме правен одговор и работиме со Европејците и другите партнери на конкретни активности. Им наложив на надлежните органи да подготват соодветни одлуки за санкции, изјави украинскиот претседател.

Во Грузија речиси една недела има протести откако премиерот Иракли Кобахидзе најави дека се одлагаат преговорите за влез во Европската унија до 2028 година.

Балтичките земји веќе најавија санкции против грузиските функционери кои учествуваа во насилното задушување на протестите, вклучително и поранешниот премиер Бидзин Иванишвили

Поврзани вести