Skip to main content

Зеленски и Стармер разговараа за плановите за завршување на војната во Украина

Принтскрин од видео

Разговорот се одржа во пресрет на состанокот на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска во Велика Британија со украинските и европските сојузници за да разговараат за напорите на претседателот Доналд Трамп за мир во Украина, изјави портпарол на Даунинг стрит.

Тие се согласија дека ова ќе биде витален форум за дискусија за напредокот кон обезбедување праведен и траен мир“, рече тој.

Зеленски изјави дека го делат истиот став за опасноста од рускиот план „се да сведе на разговор за невозможното“.

Во изминатите неколку дена, Зеленски оствари серија повици со сојузниците на Киев по посетата на пратеникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, на Москва и најавата за средбата на 15 август меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, пренесуваат агенциите.

Претходно денеска Зеленски изјави дека Украина не може да го прекрши својот Устав поради територијални прашања и додаде дека „Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите“.

Поврзани вести