Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини поранешниот претседател на САД Џо Бајден за проблемите во кои сега се наоѓа Украина
Поранешниот американски лидер се најде на удар на Зеленски поради тоа што наводно ги напуштил Укранците на фронтот поради ненавремената воена помош.
Јас лично ги прашав претседателот Бајден и неговиот тим, Стејт департментот, ги прашавме сите во Белата куќа. Нашиот најважен одговор е превентивната акција. Значи, дајте ни оружје сега. И тие рекоа: „Ќе ви дадеме оружје ако нападнат“. Во исто време ги прашав и земјите од ЕУ, но тие не можеа да го сторат тоа без одобрение од САД“, изјави Зеленски.
Украинскиот претседател, истовремено, се обиде да му угоди на новиот жител на Белата куќа, велејќи дека Доналд Трамп „ќе го принуди Путин да склучи мир“.