Skip to main content

Втор круг локални избори во Франција

Facebook/Emmanuel Macron

Во Франција се одржува вториот круг од локалните избори, а според анкетите, во повеќе големи градови трката ќе биде доста тесна, особено во Париз и Лион.

Како што објави ТФ1, кога станува збор за изборите за градоначалник на Париз, три анкети предвидуваат победа за кандидатот на обединетата левица со исклучок на „Непокорна Франција“, Емануел Грегоар, кој би можел да освои меѓу 44,5 и 48 проценти од гласовите, додека веднаш по него следува неговата десничарска противничка Рашида Дати, со можни 41 до 45,5 проценти од гласовите.

Третиот кандидат за градоначалник на француската престолнина, претставничката на „Непокорна Франција“, Софија Чикиру, би можела, според анкетата спроведена од ИФОП Фидуциал, да освои 10 проценти од гласовите, а тие би можеле да бидат клучни за конечниот исход од трката. 

Поврзани вести