Skip to main content

Во САД почна депортација на мигранти со воени авиони

Неколку дена откако Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД, американските власти почнаа масовна депортација на мигранти кои илегално престојуваат во земјата.

Веќе се приведени 538 лица кои илегално влегле во САД, а „стотици“ се депортирани со авиони на американското воено воздухопловство, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Левит, објави фотографија од депортацијата на илегални имигранти со воени авиони и потсети на тешките последици за секој кој илегално ќе влезе во САД.

Според Левит, „сега се случува најголемата депортација во историјата“.

Американската агенција за гранична патрола го потврди апсењето на 538 лица, додавајќи дека по 373 лица се издадени налози за апсење.

Според информациите од САД, властите во Мисисипи им понудиле на „ловците на награди“ награда од илјада долари за успешното депортирање на илегален мигрант.

Поврзани вести