
Во заштитеното подрачје на природниот резерват Нгоронгоро во Танзанија се пронајдени мртви десет лава.
Како што соопштија надлежните во земјата, истрагата покажала дека животните најверојатно биле отруени. За случајот е почната сеопфатна истрага, како и потрага по сторителите.
Во Танзанија лавовите понекогаш се убиваат од одмазда поради напади врз добитокот.
Нгоронгоро се наоѓа на листата на УНЕСКО во кое живее етничката група Масаи заедно со своите стада.

Македонски


