Skip to main content

Во Иран „исчезна“ уште една жена, која не носела хиџаб

Иранската пејачка Парасто Ахмади е уапсена откако одржа виртуелен концерт на „ЈуТјуб“ без хиџаб. По апсењето нејзе и се губи секаква трага.

Ахмади е уапсена на 14 декември во градот Сари, откако на 11 декември на ЈуТјуб го постави видеото со концертот. Еден ден потоа Обвинителството иницираше случај поради што 27-годишната пејачка настап во фустан без ракави, без јака и без хиџаб. На концертот таа беше пратена од четворица музичари мажи, од кои двајца се уапсени во Техеран пред два дена.

Концертот на Ахмади за пет дена има над два милиона прегледа. Видеото го објави на 13 декември со порака на англиски јазик: Јас сум Парасто, девојка која сака да пее за луѓето што ги сака. Ова е право кое не можам да го игнорирам; да пеам за земјата која страсно ја сакам“.

Адвокатот на Ахмади, Милад Панахипор изјави дека се нејасни околностите под кои пејачката е уапсена.

За жал не знаеме кои се обвиненијата против госпоѓица Ахмади, кој ја уапси и каде се наоѓа, но ќе продолжиме да го следиме случајот преку правосудните тела, посочи Панахипор.

Иранските закони им забрануваат на жените соло пеење или танц пред машка публика, како и појавување во јавност без хиџаб. Жените не смеат да се појават без хиџаб и пред мажи кои не им се роднини.

Хиџабот по Исламската револуција во 1979 година стана задолжителна и политичка облека.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom