Skip to main content
Реакција на СЗО

Во Газа недостасуваат лекови за лекување на Синдромот Гилијан-Баре кој предизвикува парализа

mohammed-ibrahim-on-unsplash

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека останала без критични медицински залихи во Газа, кои ѝ се потребни за лекување на сè поголемиот број заболени од реткиот Синдром Гилијан-Баре (ГБС) кој предизвикува парализа.

Во Појасот Газа од јуни се документирани 94 случаи на Синдром Гилијан-Баре, кој предизвикал 10 смртни случаи.

Како што е соопштено, меѓу смртните случаи предизвикани од Синдромот Гилијан-Баре се и четири деца под 15-годишна возраст и шест постари пациенти со просечна возраст од 25 години.

Синдромот Гилијан-Баре (ГБС) е ретко, но сериозно автоимуно нарушување во кое имунолошкиот систем на телото, наместо да ги напаѓа надворешните закани, ги напаѓа сопствените ткива на периферниот нервен систем. Ова оштетување предизвикува слабост и парализа.

За време на акутната фаза, нарушувањето може да биде опасно по живот. Точната причина за ГБС не е целосно позната, но во повеќето случаи тој се јавува по бактериска или вирусна инфекција. 

Поврзани вести