Високи дипломати на Европската Унија го повикале новиот шеф на Европскиот совет, Антонио Коста, да ја разгледа „рамнотежата на силите меѓу Европската комисија и земјите од ЕУ“.
Според изворите од Брисел, ваквото барање доаѓа поради незадоволството од едностраните одлуки на претседателката на Европската комисија. Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен отиде подалеку од кој било друг претседател на ЕК во толкувањето на нејзиниот мандат, а неодамна тоа се одрази и во одлуката за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите од заедничкиот пазар на Јужна Америка. Фон дер Лајен заработи репутација на лице кое одлучува еднострано, пречекорувајќи ги своите овластувања“, изјавил еден од дипломатите на ЕУ.
Тој додава дека Фон дер Лајен со своите постапки се обидува да го оттргнува вниманието на европските лидери од носењето важни одлуки.