Skip to main content

Во автобуската несреќа во Барселона повредени 63 луѓе

Во автобуската несреќа што се случи во Барселона се повредени 63 луѓе. Четворица од повредените се во тешка состојба. Меѓу тешко повредените има и еден малолетник, објави Алберт Батл, заменик-градоначалник на Барселона.

Едниот од повредените бил заробен во еден од автобусите и морал да биде извлечен од специјализирани екипи.

Меѓу повредените има и група патници од брод, кои биле на обиколка на градот, особено на катедралата Саграда Фамилија, која е блиску до местото на несреќата. Меѓу повредените има и група италијански студенти кои престојувале во соседниот град, рече Батл.

Сударот се случи на „Авингуда Дијагонал“, еден од најпознатите булевари во градот.

На снимка споделена од очевидци на социјалните мрежи се гледа како еден автобус удира во друг автобус на една од коловозните ленти на булеварот. На лице место има и многу амбулантни возила.

Според очевидци, цитирани од „Вангуардија“, едниот автобус удрил во задниот дел на другиот автобус, кој пак удрил во дрво. 

Поврзани вести