
Велика Британија ги укина санкциите наметнати на 24 субјекти во Сирија, вклучително и Сириската централна банка и некои нафтени компании.
Западот го преиспитува својот пристап кон Сирија откако тогашниот претседател Башар ал Асад беше соборен во декември од бунтовничките сили предводени од исламистичкото движење „Хајат Тахрир ал-Шам“.
Минатиот месец земјите од ЕУ укинаа голем број санкции против Сирија.
Британското Министерство за надворешни работи денеска не објави детали за својата одлука. Прес-центарот на сириската влада исто така не даде никакви изјави на оваа тема.