
Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за надворешни работи, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија и САД допрва треба да се договорат за тоа како да почнат преговорите за Украина.
Ушаков рече дека руската делегација ќе отпатува во Саудиска Арабија на разговори со американски официјални претставници во „деловно расположение“.
САД допрва треба да назначат главен преговарач за преговорите за Украина. Засега, Русија и САД ќе разговараат за билатерални прашања“, изјави Ушаков.