
Украинските сили рано утринава ја нападнаа нафтената рафинерија Новокуибишевск во руската област Ростов, објави на Телеграм шефот на Центарот за спротивставување на дезинформации при Националниот совет за национална безбедност и одбрана Андреј Коваленко, а пренесува Укринформ.
Novokuibyshevsk 💥💥💥 https://t.co/8AwCzRAaKr pic.twitter.com/RVyInfg7d6
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) March 9, 2025
Како што се дознава, рафинеријата има годишен капацитет од 8,8 милиони тони, што ја прави една од десетте најголеми такви капацитети во Русија.
Објектот произведува широк спектар на нафтени продукти, вклучително и бензин, дизел гориво и масло за греење, од кои сите се критично важни за транспортот и воената опрема, истакна Коваленко. Тој додаде дека објектот е од стратешко значење за руската војска бидејќи обезбедува стабилно снабдување со гориво за континуираните воени напори против Украина.
Novokuibyshevsk Russia 🔥👀
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) March 9, 2025
BAVOVNA at the oil refinery! pic.twitter.com/3BiICPEoUr
Како што претходно објави Укринформ, во раните утрински часови во саботата, 8 март, беспилотни летала управувани од украинското одбранбено разузнавање го нападнаа претпријатието Киришнефтеоргсинтез во руската област Ленинград.