Skip to main content

Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини

Украина се повлече од договорот за забрана на противпешадиски мини, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што објавија украинските медиуми, одлуката за повлекување од Конвенцијата од Отава ја поддржаа 305 пратеници, 40 беа воздржани, а никој не гласаше против.

Мерките поврзани со употребата на одредени видови оружје, вклучително и противпешадиски мини, ќе ни помогнат барем да постигнеме рамнотежа во силите и капацитетите потребни за одбрана од руска агресија. Русија никогаш не била потписничка на Конвенцијата од Отава и никогаш не презела чесни чекори како дел од која било политика на разоружување или похумана употреба на оружје, рече украинскиот претседател.

Поврзани вести