Skip to main content

Украина нареди евакуација на семејства со деца кои живеат во некои области на Краматорск

Украинските власти денеска наредија евакуација на семејства со деца кои живеат во некои области на Краматорск, последниот голем град во Донбас под украинска контрола и кој се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

Краматорск редовно е цел на руски напади.

-Поради влошената безбедносна состојба во некои области на Краматорск, наредена е задолжителна евакуација на семејства со деца, се вели во соопштението на градскиот совет на апликацијата за пораки Телеграм.

Поврзани вести