
Украина денеска ја обвини Русија дека извршила повеќе од 30 напади врз нејзината енергетска инфраструктура откако двете земји се договорија во март привремено да ги прекинат нападите врз овие објекти, пренесуваат светските агенции.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георгиј Тихи изјави дека Русија во изминатите 24 часа ги нападнала енергетските капацитети во градовите Херсон и Николаев на југот на земјата, како и во Полтава, централна Украина.
Дополнително, Министерството соопшти дека останува во контакт со Пекинг во врска со двајца кинески државјани кои биле земени како воени заробеници во источна Украина додека се бореле за руската армија.
Киев повика кинески дипломат минатата недела за да разговара за ова прашање, што може да ги заостри билатералните односи, додаде портпаролот.