Skip to main content

Турска компанија се премислува дали да ги испрати двете договорани пловечки електрани вo Украина

Tурската компанија „Карпауершип“ (Karpowership) размислува да не испрати две пловечки електрани во регионот на Одеса во Украина по повеќе од две години преговори.

Наведените причини се недостатокот на безбедносни гаранции и потенцијалната нестабилност на снабдувањето. Друг проблем е високата цена за изнајмување на објектите од 250 милиони долари годишно, што би ја направило нивната електрична енергија најскапа во украинскиот електроенергетски систем.

Украинските власти сметаа на наоѓање партнери кои ќе ја компензираат високата цена на енергијата со грантови, но таквите странски спонзори не беа доволно дарежливи за таков договор.

Што се однесува до украинскиот електроенергетски систем, тој работи релативно добро, иако ударите на руските вооружени сили предизвикаа значителна штета и драстично го искомплицираа потенцијалното враќање на индустриското производство до нивоата од 2021 година. Сепак, во Украина нема целосни прекини на снабдувањето со електрична енергија.

Поврзани вести