
Според неодамнешниот извештај на „Блумберг“, Турција сака да се приклучи на Договорот за стратешка меѓусебна одбрана (СМДА) меѓу Саудиска Арабија и Пакистан. Неколку извори запознаени со разговорите известуваат за напредни дипломатски контакти.
СМДА беше потпишан од Саудиска Арабија и Пакистан во септември 2025 година и вклучува клаузула за колективна безбедност. Потоќно, договорот предвидува дека напад врз еден потписник се смета за напад врз двата.
Што би значело турското придружување на пактот:
Пристапувањето на Турција би го проширило договорот од билатерална во мултилатерална безбедносна структура.
Турција, за прв пат надвор од НАТО, формално би се обврзала на регионален одбранбен сојуз со обврска за меѓусебна помош.
Алијансата СМДА би добила значителна воена, економска и стратешка тежина – особено на Блискиот Исток и Јужна Азија.
Досега нема официјална потврда од Анкара, Ријад или Исламабад за ваквите планови. Во медимските извештаи се наведува дека во во моментов се тековни разговори, а не финализирано пристапување.

Македонски




