
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на аеродромот Схипхол во Амстердам, за учество на Самитот на НАТО што почнува вечерва во холандскиот град Хаг, објавија агенциите.
Се очекува американскиот лидер да се упати директно кон палатата „Хојс тен Бош“, каде што кралот и кралицата на Холандија ќе приредат државна вечера за 32-цата лидери на НАТО и многу други земји од партнерите на Алијансата.
Првата дама Меланија Трамп не го придружува американскиот претседател во Холандија.
По вечерата, Трамп ќе остане во палатата за да преноќи таму, објави холандскиот кралски дворец. „Хојс тен Бош“ е официјална резиденција на кралот Вилем-Александар и кралицата Максима.
Лидерите на НАТО се собираат на дводневен Самит со акцент на зголемување на воените трошоци.