Skip to main content

Трамп: Мислам дека имам договор и со Путин и со Зеленски

Printskrin/The Telegraph

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека смета оти има договор и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за завршување на војната во Украина, пренесе Ројтерс. Зборувајќи од Белата куќа, Трамп рече дека соработката со украинскиот лидер е потешка отколку што очекувал, иако смета дека има напредок од двете страни.

„Мислам дека Русија е подготвена и многумина рекоа дека Русија сакаше да оди до крај. Мислам дека имаме договор со Русија. Треба да постигнеме договор и со Зеленски“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Тој додаде дека мислел оти ќе биде полесно да се работи со Зеленски.

„Досега беше потешко… Но мислам дека имаме договор со двајцата. Овде се работи за многу човечки животи“, рече Трамп.

На прашање за американскиот предлог кој би вклучувал признавање на Крим како „де јуре“ руска територија, Трамп не даде конкретен одговор, наведувајќи дека „нема фаворити“ меѓу Украина и Русија и дека неговата цел е да заврши војната.

Меѓутоа, Трамп истовремено го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги загрозува мировните преговори со Русија и, како што рече, „скоро постигнатиот мировен договор за крај на војната“, истакнувајќи дека Украина е во многу лоша преговарачка позиција.

Поврзани вести