Skip to main content

Трамп ја повика гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук, да поднесе оставка

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук, да поднесе оставка, наведувајќи дека директорот на Федералната агенција за финансирање на домување на САД (FHFA) апелирал до Министерството за правда на САД да ја истражи нејзината наводна измама со хипотеки.

„Лиза Кук мора веднаш да поднесе оставка!!!“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Директорот на FHFA, Бил Палти, ги изнесе обвинувањата против Кук денеска во објава на својот профил X.

Тој наведе дека гувернерката на Федералните резерви го назначила станот во Атланта како нејзино главно живеалиште откако зела кредит за куќа во Мичиген, кој таа исто така ја назначила како нејзино главно живеалиште.

Поврзани вести