Skip to main content

Трамп го пофали Орбан и му посака среќа во предизборната кампања

Facebook/Orbán Viktor

Американскиот претседател Доналд Трамп му испрати писмо на унгарскиот премиер Виктор Орбан во кое му посакува „среќа“ во неговата кампања за реизбор.

Во писмото, Трамп му се заблагодари и на Орбан за поканата во Унгарија и рече дека неговиот тим ќе остане во контакт во врска со распоредот на посетата, објави унгарскиот весник „Мајар Немзет“.

Тој го пофали лидерството на Орбан, истакнувајќи ја неговата доследност во застапувањето на верата, семејството и суверенитетот.

Изборите во Унгарија се очекуваат во април.

Поврзани вести