
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Авганистан дека ако не им ја врати на САД контролата врз својата воздухопловна база Баграм, „ќе се случат лоши работи“.
Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија – Соединетите Американски Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Американскиот претседател во четвртокот изјави дека Вашингтон се обидува да ја врати базата, која ја користеа американските сили по инвазијата врз Авганистан. Вчера, Трамп им рече на новинарите дека разговарал со авганистанските претставници за ова прашање.
Американската војска се повлече од Авганистан во 2021 година, по што Баграм беше преземен од Талибанците.
Авганистанските претставници се спротивставија на можното обновување на американското воено присуство во земјата.
Авганистан и САД треба да работат заедно… без САД да одржуваат какво било воено присуство во кој било дел од Авганистан“, на социјалната мрежа „Х“, напиша Закир Џалал, функционер на Министерството за надворешни работи во Кабул.