Skip to main content

Светот застана за момент: Член на познат бенд бил на саемот во Магдебург

Густав Шефер, тапанарот на бендот Токио Хотел, во петокот бил на божиќниот пазар во Магдебург, каде што се случил страшниот напад.

Сега не можам да опишам со зборови што се случи во нашиот град Магдебург. За среќа, ние сме добро, но многу луѓе не се. Моите мисли се со сите оние кои изгубија близок, напиша 36-годишниот музичар на својата приказна на Инстаграм. На божиќниот пазар пристигнал со сопругата и ќерката, а само неколку моменти подоцна се случил нападот.

Вчера требаше да биде безгрижен ден на божиќниот пазар во Магдебург – полн со светла, смеа, љубов… Бевме само малку подалеку од моментот кој промени се за многумина. Ништо не ни се случи и за тоа сме вечно благодарни. Но, ми се чини како светот да застана за момент. Мислите се вртат, тешко е… Се прашуваме зошто.

Моите мисли се со сите погодени од овој страшен настан. Сите сме ранливи и важно е да бидеме еден за друг. Внимавајте и бидете со вашите најблиски. Љубовта е посилна од стравот. Благодарност до сите што помогнаа на лице место“, напиша Густав на Инстаграм.

Густав Шефер живее со своето семејство во родниот град Магдебург. Останатите членови на бендот, близнаците Бил и Том Каулиц, моментално живеат во Лос Анџелес.

Возачот влетал во толпата која се движела кон градското собрание. Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени.

Напаѓачот мирно возел покрај масата луѓе пред да сврти десно кон градското собрание. Во тој момент забрзал и продолжил да вози низ божиќниот пазар. Потоа сврте лево кон главната улица. Тој повторно се свртел и продолжил да вози кон железничката станица пред да биде запрен од полицијата на раскрсницата. Сето ова се случи за три минути.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom