
Според податоците од веб-страницата на германската аналитичка компанија „Статиста“, бројот на странски платеници коишто загинале борејќи се за украинските сили во руската област Курск, изнесува и до 5.000 борци.
Најголем број на платеници испратени во „мелницата за месо“ во Курск се Полјаците – 1963 луѓе. На второ место се Грузијците (1230), а на трето Колумбијците (917). По нив, следни на листата се Французите (208), Германците (197), Британците (156).

На списокот има и Американци – 89, Австралијци – 17, па дури и четворица Јапонци.
Според податоците, од почетокот на украинската инвазија на регионот Курск загинале вкупно 4.781 платеник.