Skip to main content

Битиќи од СДСМ на албански: Ниту една судска одлука не може да го поништи ослободителниот карактер на оваа војна

Поранешниот министер за економија, сега пратеник од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи, на „Фејсбук“ на албански јазик ја искоментира пресудата на хашкиот суд кој ги осуди четворица поранешни команданти на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи за воени злосторства и злосторства против човештвото против најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 102 беа убиени.

Денешната одлука во Хаг е судска одлука и како таква ќе биде предмет на правна оценка и на правото на жалба. Но, ниту една судска одлука не може да ја напише историјата на еден народ, ниту да го поништи ослободителниот карактер на неговата војна и жртвата на една цела генерација. Ова не е пресуда на народот на Косово за неговата борба за слобода. Конечниот суд за таа историја му припаѓа на самото Косово и на генерациите што ја живееле и ја наследуваат, коментира Битиќи.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetmultiwinstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no deposit