Skip to main content

Марта Кос за БНТ: Владата во C. Македонија мора да го одржи своето ветување, тие мора да го променат својот устав

Македонија треба да ги направи уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, како услов за продолжување на евроинтегративниот процес, ова го изјави Еврокомесраката за проширување Марта Кос во интервју за бугарскиот БНТ . Таа верува дека со новата бугарска Влада ќе се најде начин процесот со Македонија да продолжи.

„Ова е многу добро прашање и би била многу среќна ако го искористиме овој момент на проширување и за Cеверна Македонија. Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го движиме процесот напред со Cеверна Македонија. Секако, владата во Cеверна Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот устав, ова е договорено меѓу Cеверна Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ. Откако ќе се направи ова, ќе сметам на поддршката и од вашата земја, за да продолжиме напред и со Cеверна Македонија.“, изјави Кос.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetmultiwinstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no deposit